Младите од Теарце го одбележаа Денот на младите во реновираното ОУ „Фаик Коница“ во Доброште

Денеска учениците од ОУ „Фаик Коница“ во село Доброште, општина Теарце го одбележаа Денот на младите со повеќе активности, поддржани од Општина Теарце и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ).

 

Дел од нив цртаа уметнички дела кои ќе бидат изложени во училиштето, други учествуваа во спортски активности, додека останатите садеа дрвја во дворот. На овој начин, учениците придонесоа за заштита на животната средина и ја подигнаа свеста за потребата од поголема физичка активност и развивање на креативноста.

Во рамки на активностите, се одржа и промотивен настан за свечено пуштање во употреба на реновираната сала. Со финансиска поддршка од Европската команда на САД (ЕУКОМ) спортската сала беше реновирана и адаптирана со што целата заедница доби нов простор за организирање на воннаставни активности, настани и прослави. Претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл и шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД во Северна Македонија, потполковник Шон Руфоло заедно со градоначалникот на Општина Теарце, Нухи Незири, директорката на училиштето, Ѓулсер Реџепи и претставници од општината и училиштето се придружија на активностите на учениците од различни етнички заедници и дискутираа за важноста од поттикнување на младински активизам и активната улога на младите во подобрување на состојбата во околината.

Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во земјава ја унапредува социјалната инклузија, меѓуетничката хармонија и граѓанските вредности. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието се создаваат можности за интеракција помеѓу учениците и се поттикнува нивната креативност и младинско учество.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе