Млад брачен пар од Скопје загина во сообраќајка во Италија (ВИДЕО)

Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, од Скопје, со привремено живеалиште во Лион, Франција го загубија животот во сообраќајка, на автопатот Пјаченца – Торино, во провинцијата Павија, Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое било на задното седиште, останало живо.

Страшната сообраќајна несреќа се случила во три часот по полноќ, на автопатот Пјаченца – Торино, во областа Павија, Италија, каде парот бил на летување, објави италијанскиот медиум  Месаџеро.

Според првичната истрага, 24 годишниот возач Ебубекир Сулејмани е можен причинител на трагедијата како резултат на тоа што заспал зад воланот. Голфот во кој тие патувале бил смачкан под приколката на камион кој бил паркиран во зона за одмарање.

Повредите биле премногу сериозни, јавуваат италијанските медиуми. Од друга страна, бебето кое било врзано во своето седиште во автомобилот кој речиси е целосно уништен практично е неповредено. Исплашено и во плач со хеликоптер било пренесено во болницата Нигуарда во Милано.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе