Митрополит Петар: Прашањето на МПЦ-ОА може да се реши ако СПЦ покаже добра волја

Нема ништо лошо во тоа што претседателот Стево Пендаровски се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул, вели митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој е задолжен за меѓународните односи во Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

„Јас лично не бев информиран за тоа од никого, но претпоставувам дека вршејќи ја функцијата како претседател, ја имал таа можност да воспостави контакти и нема ништо лошо во тоа што направил средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј“, рече во изјава за Сител, владиката Петар.

Вели дека моментално заради коронавирусот македонското црковно прашање не е ажурирано во смисла што поскоро да се надмине и да се реши, но штом се отвори можност очекува покана за средба од Вселенската патријаршија.

„Тоа е исклучиво работа на време и се надевам при првите можности кои ќе и се укажат на нашата црква, од страна на Вселенската патријаршија, ќе бидеме најверојатно повикани на една официјална средба и на таа средба најверојатно ќе се каже мислењето и ставот како да се надмине прашањето со самостојноста на МПЦ“, истакна владиката Петар.

Тој потенцира дека нашиот случај не треба да се споредува со украинскиот.

„Таму се работи за големо мнозинство на Руската православна црква. Кај нас таков случај ниту е, ниту може да биде, зашто она што кај нас се обиде да се направи со тој проект, ПОА, тоа е промашена работа, сме зборувале повеќепати, сите тие заедно не прават ни половина парохија. Сите тие прават стотина до 150 души. Тоа не може никако да биде споредба меѓу Украинската и Македонската православна црква, кај нас е чиста работата“, јасно е се, вели г. Петар.

Според него, единствено треба да има добра волја од страна на СПЦ, за ова прашање конечно да се надмине.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе