Временска прогноза

Минусни температури утрово, денот ќе биде сончев и студен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура утрово се движат во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, утре на северот, а во понеделник во западните планински делови

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе