По апелот од Народниот правобранител

Министерство за животна средина: Проблемот со депониите е комплексен и бара посветеност од сите чинители

Еден од врвните приоритети на Министерството за животна средина и Владата на Република Северна Македонија, во соработка со локаната самоуправа е воспоставувањето на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад за секој од регионите. Но, спроведувањето на процесот одзема многу време, бидејќи е многу комплексен и бара голема посветеност од сите чинители, одговорија од Министерството за животна средина на апелот на Народниот правобранител одговорните што побрзо да го решат проблемот со депониите.

„Обврската за управување со комуналниот отпад, вклучувајќи го и управувањето со регионалните депонии е обврска на единиците на локалната самоуправа. Истите, соочувајќи се со ниски капацитети (и технички, и финансиски) за самостојно да го воспостават наведениот систем, и бидејќи општините во сите региони на државата не ги исполнија обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад, односно бидејќи општините по соодветните региони не се организираа во законскиот рок  да основаат депонии за комунален отпад во согласност со законот, Владата на Република Севрна Македонија донесе одлука за преземање на обврската од општините во одделни плански регион и започна да го спроведува процесот за основање на регионални депонии во согласност со Планот на Република Северна Македонија за управување со отпад“, соопштуваат од Министерствоти за животна средина.

Оттаму информираат дека министерството, со средства од ЕУ во изминатиот период подготвило проектна и тендерска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад за шест региони и тоа Источен и Североисточен, Скопски, Вардарски, Пелагонија и Југозападен регион.

„За Источниот и Североисточниот регион веќе се обезбедени средствата во висина од приближно 43 милиони евра и интензивно се работеше со сите 18 општини кои треба да го формираат заедничкото јавно меѓурегионално претпријатие за управување со отпад, кое ќе стопанисува со идната регионална депонија. Во рамки на овој процес, планирано е и затварање на нестандардните депонии/диви депонии и набавка на опрема за собирање и транспорт на отпадот за овие два региони“, велат од Министерството за животна средина и додаваат дека следната година овие два региона ќе ги затворат сите диви депонии.

Во однос на Полошкиот регион, Министертсвото информира дека потпишан е билатерален договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарија во висина од приближно девет милиони швајцарски франци, врз основа на кој почна со изведба шестгодишен проект кој има за цел изработка на потребната планска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, рехабилитација на регионалната нестандардна депонија Русино, како и зајакнување на техничките капацитети на општините од овој регион.

„Се согласуваме со констатацијата дека правото на граѓаните за здрава животна средина и заштита на здравјето претставува една од основните загарантирани уставни права. Во таа насока, по однос управувањето со отпад, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање со здружени сили им помагаат на општините да ја надминат состојбата со несоодветното управување со отпадот. Потребно е време и голема посветеност на сите чинители за да се реализираат зацртаните планови и проекти, и ве уверуваме дека сите со заеднички напори ќе продолжиме да работиме на подобрување на состојбата со животна средина“, пишува во соопштението на Министерството за животна средина.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе