Милошоски денеска кај Русковска треба да однесе снимки од разговори на Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска треба да ѝ предаде аудиоснимки на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во кои, како што тврди тој, се слуша гласот на доскорашниот премиер Зоран Заев.

Снимките се поврзани со аферата „Рекет“, вели Милошоски.

„На моја иницијатива, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска. Целта на закажаната средба е на обвинителката да ѝ го предадам аудиоматеријалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ. Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет“, најави вчера Милошоски.

Тој минатата недела на седницата на собраниската Комисијата за европски прашања, на која се разгледуваше Законот за јавно обвинителство, пушти една аудиоснимка и презентираше транскрипт за, како што наведе, разговор на лицето З.З. во врска со Боки 13.

Според Милошоски, лицето З.З. на соговорникот му рекол: „Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации. Го прашав Боки, од каде се парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старските домови, ако знаеш. Ние на неколку пати му помагаме така за телевизијата, главно за маркетинг за да му помогнеме. Тоа беше уште лани октомври, ноември 2018 година“.

Во петокот на собраниска седница Милошоски го праша претседателот на Собранието Талат Џафери дали може да пушти нови снимки од собраниската говорница, што не му беше дозволено.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе