Мицкоски бара здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат за ковид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук побара сите здравствени работници еднаш во месецот бесплатно да се тестираат.

„Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат.

Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна.

Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга“, напиша Мицкоски.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе