Мицкоски: 11 Октомври е пример за македонскиот непокор и мора да го почитуваме и чуваме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе Денот на народното востание, 11-ти октомври.

„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври.

На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренаа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа.

Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка.

Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија.

И да не заборавиме 11 Октомври е пример за македонскиот непокор. Аманетот кои овие херои ни го оставија мора да го почитуваме и чуваме, продолжувајќи ја нивната мисла и дело“, се вели во честитката на Мицковски.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе