Мерко тврди дека во Струга нема дивоградби што го загрозуваат статусот на УНЕСКО

Во заштитената зона во Струга нема ниту една дивоградба. Регистрирани дивоградби има во внатрешноста на градот и руралните средини за кои треба да изработат регистaр за точна бројка, тврди градоначалникот Рамиз Мерко.

„Направен е список на дивоградби. Тие се во внатрешноста или во руралните средини, но УНЕСКО или никој друг не кажуваат дека тие попречуваат некој процес и оти треба да се рушат“, вели Мерко.

Според него, во општина Струга имало над пет илјади пријави за легализација на дивоградби опфатени со Законот за легализација донесен во 2011 година, а се работи за скали, тераси и слично. Барањата, како што вели, се разгледуваат и тие што ги исполнуваат критериумите ќе бидат легализирани, а за останатите ќе се бара начин за справување со проблемот.

Мерко нагласи дека Охрид е град на УНЕСКО и оти треба сам да се заштити, а Струга може да му даде свој допринос во однос на тоа прашање.

МИА

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе