Меморандум за соработка за поефикасна координација за собирање помош за Украина помеѓу МНР и Црвен Крст

Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија денеска на хуманитарен настан за собирање помош за Украина потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација.

Фото: ЕПА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари на Црвениот крст, како и на стопанските комори кои почнаа со своите активности за помош. Посочи дека има список на потреби на кои секој бизнис, секоја компанија може да се одлучи да ја преземе обврската да ги обезбеди тие продукти. Има и број на Црвен крст каде граѓаните можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат пратени во Украина.

„Денеска во Украина гинат цивили, деца, жени, болни од бомбардирани болници, од недостиг на храна, вода, лекови...Сензибилноста наша е поголема од сите други да се покажеме солидарни да излеземе во помош денеска на луѓето кои имаат потреба. Важно е да се мобилизираме сите да им помогнеме на луѓето“, нагласи Османи.

Генералниот секретар на Црвен Крст Саит Саити информира дека досега над 2 милиона 700 илјади денари се собрани на сметките на Црвениот крст за помош на Украина.

Посочи дека 51 граѓанин од Украина се дојдени во земјава, од кои 30 се сместени во Скопје, а другите 20 во Гевгелија, Валандово, Прилеп и други места и сите се сместени кај пријатели и роднини. Апелираше до граѓаните и компаниите и понатаму да учествуваат во хуманитарните активности кои се во тек зашто, како што рече тоа завршува таму каде е најпотребно. Средствата, додаде, ќе се собираат до 15 април.

Информира дека најпотребно како помош е храна, производи за хигиена и вода, санитетски материјали и прва помош. Во моментов, рече, се е потребно и што и да се донира ќе најде место.

Амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук се заблагодари на институциите, претпријатијата, фирмите, но и сите граѓани кои одговорија на нивниот повик.

„Сега Русија води војна со целиот цивилизиран, демократски свет и Украина се наоѓа на предната линија на оваа војна. Многу ни е тешко, Русија сака да ја уништи Украина, да ја уништи демокраатијата и слободата во близина на своите граници. Но, ние се бориме и ќе се бориме бидејќи ние се наоѓаме на нашата земја и целиот цивилизиран свет е со нас“, потенцира таа.

Додаде дека како амбасадорка на Украина е благодарна на, како што кажа, „пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина".

„Ние многу го цениме тоа и посебно би сакала да се заблагодарам на организациите кои донираат финансиски средства со кои можеме да ги набавиме потребните средства и да ги пратиме во Украина“, рече Задоружњук.

Денеска се заблагодарувам на МНР и на ЦК и на водечките комори за оваа акција за обезбедување на хуманитарна помош за Украина. Благодарам многу, заедно ќе победиме, додаде таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе