MEД: Заловена нова рисица, Атиџе, третата женка со ГПС-околувратник

Македонското еколошко друштво информира дека деновиве во Националниот парк Маврово, кај селото Ничпур, заловена е уште една рисица. Се работи за здрава женка тешка 14,5 килограми, а стара околу 10 години. Рисицата е крстена Атиџе. И кај неа e ставен околувратник со ГПС уред кој праќа податоци за нејзиното движење. Имињата на претходните две рисици се Нарциса и Лиса.

Ова е десетта единка рис за последните 10 години. Според досегашните истражувања на МЕД се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на Балканскиот рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.

Атиџе првпат е забележана на фотографија од фотостапица во 2013 година.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе