МЕД и платформата Пријатели на Шара го поздравија прогласувањето на Шар Планина за национален парк

Македонско еколошко друштво и платформата Пријатели на Шара го поздравуваат изгласувањето на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк што Собранието го изгласа на денешната 43. седница со 66 гласа „за".

„Како поддржувачи на овој долгогодишен процес сакаме да изразиме огромно задоволство и признание на сите вклучени страни во процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк, процес кој што беше долг и макотрпен, но со верба и многу работа од страна на институциите, донаторите, невладините организации и секако локалното население кое изминатите години го поддржуваше овој процес“, се посочува во соопштението.

Еден од најгласните поборници за оваа иницијатива беше професорот д-р Љупчо Меловски, поранешен претседател на МЕД, кој најдобро ја познаваше Шар Планина од аспект на природни вредности и речиси постојано беше вклучен во сите активности поврзани со постапката за прогласување на Шара за национален парк и лобирањето Шара да се заштити и тоа уште од 1997/98 година.

„Посакував да ја слушнам убавата вест за прогласувањето на Шар Планина за национален парк на 30 јуни, токму на роденденот на проф. Меловски кој целиот свој живот го посвети на истражување на Шара – и се случи. Огромни се вредностите на Шара од аспект на биодиверзитетот, но и културните вредности и традиционалните практики на користење на ресурсите се значајни. Всушност, тоа ја прави Шара уникатна планина. Правната заштита е огромен успех, голем чекор напред за да се надминат притисоците со кои се соочува, но пред нас претстои уште поголема задача, да преземеме ефикасни мерки за зачувување и управување со ова значајно подрачје, изјави Робертина Брајаноска“, извршен директор на МЕД.

Според претседателот на МЕД, Славчо Христовски, прогласувањето на Шара е историски чекор бидејќи точно 63 години немавме прогласено национален парк во земјава, по прогласувањето на НП Галичица.

„Морам да ја изразам мојата благодарност до Собранието, Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, особено до Министерот Насер Нуредини за залагањето и успешниот резултат. Воедно им честитам на жителите од шарпланинскиот регион и здруженијата на граѓани и посакувам сите заедно да ја заштитиме и унапредиме природата на Шар Планина, внимателно да се грижиме за културните и традиционалните вредности, што ќе ни се врати многукратно во развој на регионот и подобрување на животот на локалното население. Посакувам многу наскоро да докажеме дека Националниот парк „Шар Планина" ќе донесе прогрес и ќе ја олесни прекуграничната соработка, а сигурен сум дека прогласувањето веќе ги докажа цивилизациските вредности на нашето општество, и покрај тоа што нив постојано се сомневаме“, изјави претседателот на МЕД, Славчо Христовски.

Со Шар Планина како четврт национален парк во државата се заокружува сложувалката што недостасуваше и во регионот се добива прекугранично заштитено подрачје со вкупна површина од 244,617 хектари. Имено, во Косово постои национален парк од 1986 година, а во Албанија постои заштитено подрачје „Кораби" во категоријата парк на природа од 2011 година. На тие подрачја се надоврзува и нашиот Национален парк „Маврово", со што целиот простор со извонредни биолошки и естетски вредности може да добие интегрална заштита.

Претседателот на „Пријателите на Шара", Метин Муареми упати честитки до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање кои стоеја цврсто на овој долгорочен, но многу неопходен процес за сите жители кои живеат на Шар Планина и кон другите кои веруваа во вредностите кои ги има.

„Како платформа „Пријатели на Шара" повеќе од пет години поминавме пат со многу предизвици и тешкотии, се соочивме со поддржувачи и противници, но во ниту еден момент не отстапивме од нашата цел, да ја видиме планината заштитена, бидејќи веруваме во вредностите што ги има за локалните жители, но и за поширокиот регион. Како платформа веруваме во добра соработка со идната управа на „НП Шар Планина" и поддшкана нов модерен парк којшто ќе се грижи и за природата и за луѓето“, изјави Метин Муареми, претседател на Платформата „Пријатели на Шара".

Во националниот парк кој вклучува 30 села со нешто повеќе од 26.000 жители се очекуваат голем број придобивки, не само кон зачувување на природата, туку и социо-економски, па дури и демографски. Убедени сме дека Шар Планина може да биде зачувана и да привлекува туристи како прочуени национални паркови во светот и регионот бидејќи од аспект на природни вредности таа има сѐ што треба да има еден национален парк. Успехот на заштитата нема да зависи само од идниот управувач, туку и од промената на свеста кај сите што ги користат природните ресурси на планината во изминативе децении, почнувајќи од бизнис секторот, јавните претпријатија, па сѐ до локалното население, посочуваат од МЕД, Пријателите на Шара и иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк. 

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе