По тешката сообраќајка кај Лесковац

Маж и две жени загинаа при превртувањето на македонскиот автобус, Филипче и Рашковски во посета на повредените

Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми. Во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот хирургија во болницата во Лесковац додека еден е на ортопедија. Останатите патници – 23, се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица.                    Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 1:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“.  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

„Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе сѐ што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки“, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник од амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата во болниците воЛесковац и Ниш.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека српските власти ги известиле дека во несреќата загинале три лица, маж на 67 години и две жени. За жените се уште нема потврда на идентитетот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе