Мавровци поради проблеми со водоснабдувањето бараат да престане градежното дивеење

Уште во февруари годинава Месната заедница Маврово испрати писмо до Јавното претпријатие за комунална дејност Маврово во кое бара ова претпријатие, поради проблемите со водоснабдувањето, да престане да дава позитивни мислења за издавање на градежни дозволи. Од МЗ Маврово бараат нивни претставници, заедно со советниците од Општина Маврово Ростуше од Мавровскиот регион да присуствуваат на седниците на Управниот одбор на ЈПКД Маврово.

Истото писмо било испратено и на почетокот на месецот. Жителите на село Маврово сметаат дека за време на летните месеци има сериозен проблем со водоснабдувањето на мештаните и на викендиците, намален е притисокот и често пати вода нема по куќите од повисоките делови. И покрај овие сериозни проблеми со водоснабдувањето кое не било проектирано за толку куќи и згради, не престана издавањето на нови и нови градежни дозволи.    

„Месната заедница Маврово од Управниот одбор на ЈПКД Маврово бара дозвола за присуство на седниците затоа што без контрола се даваат позитивни мислења за издавање дозволи за градба, особено за градби од типот на објекти за колективно домување, згради, апартмани. Од Месната заедница бараат на овие седница да бидат канети и советниците од Општина Маврово и Ростуше од Мавровскиот регион. Инсистираме на овие седници да учествуваме и ние, а дотогаш да не издавате позитивни мислења за градежни дозволи“, се вели во писмото на МЗ од почетокот на месецов.

Од Месната заедница се повикуваат и на извештај од стручни мерења во кои пишува дека овие водоводи не ги задоволуваат потребите на месното население и на викендиците. „Не сме против развојот на Маврово и изградба на нови куќи и викендици, но со вакво непланско градење уште повеќе ќе се зголеми проблемот со водоснабдувањето“, пишува во писмото.    

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе