Маршот „Сведоштво за семејството” почна со зурли, тапани, оро и молитви

Под мотото „Сведоштво за семејството”, граѓанската платформа „Сојуз за живот” денеска организира граѓанско-верски собир со цел да се испрати пораки за заштита на вистинските и темелните, животни, брачни, семејни и верски вредности.

„Сојузот за живот” го сочинуваат повеќе невладини организации, движења и неформални групи кои се залагаат за заштита на вредностите на традицоналното семејство и бракот.

Маршот за здраво семејство, како што велат присутните, почна со зурли, тапани, оро и молитви. Собраните граѓани пеат духовни песни, се прекрстуваат и носат пароли „Брак, семејство, иднина“, „И плодот во утробата има права“, „Полот и родот е биологија, не идеологија“, „Мајка и татко -темел и покрив“. Нив ги придрижуваат свештеници од МПЦ, чесни сестри од римокатоличката црква, како и припадници на муслиманската заедница, евангелистичката и методостичката црква.

„Во духот на заштита на вредностите на бракот и семејството како граѓани и верници сме тука да го засведочиме највредното за нас. Нашата порака пред се е до луѓето кои ги носат одлуките во државата, сегашната, но и идните власти, како и до целата македонска јавност дека најголем процент од верниците не го прифаќаат процесот што треба да доведе до редефинирање на тоа што е брак, семејство, пол и род”, изјавил за МИА, отец Ивица Тодоров.

Според него, граѓанско-верскиот собир не е противтежа на Парадата на гордоста што денеска се одржува во Скопје.

„Ние не сме против никого, но не ја прифаќаме пораката на процесот што некои структури сакаат да го започнат конкретно со Парадата на гордоста”, вели отец Тодоров.

Граѓанско-верскиот собир започна со литургија во црквата „Света Богородица". По нејзиното завршување, според најавите, поворката со поддржувачите на „Сојузот за живот", ќе се упати на марш низ центарот на Скопје каде меѓу останатото ќе помине покрај републичкото Собрание и Владата. Маршот ќе заврши пред соборниот храм „Свети Климент Охридски" со читање на заедничка декларација за живот.

Фото: МИА

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе