Маричиќ: Нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите

Приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говор и непречено работење на новинарите и медиумските работници, истакнал министерот за правда Бојан Маричиќ на дискусијата за заштита на новинарите организирана од Шведската амбасада.

„Со моето доаѓање на позицијата министер за правда започнавме интензивно да работиме на измени на Кривичниот законик со цел поголема заштита на новинарите. Измените се веќе готови и се во Владина процедура. Најважно е што во иднина нападот на врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа предвидени се и затворски казни до три години. Дополнително со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана“, посочи Маричиќ.

Според министерот, доказ дека има напредок на во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт Департментот, во кои покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи.

Министерот за правда уверува дека и заложбата на Владата на ова поле е голема и дека нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите.

.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе