Маричиќ: Децата-штитеници добиваат нов воспитно-поправен дом вреден 4 милиони евра

Министерот за правда Бојан Маричиќ и заменик министерот за правда Агим Нухиу, заедно со амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани, и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски беа во увид на градежните работи на новиот Воспитно поправен дом во тетовско Волковија.

Како што соопшти Министерството за правда, станува збор за нов објект на Воспитно поправниот дом во кој ќе бидат сместени децата штитеници. Со подобрените услови се очекува значително да се подобри грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници. Вкупната вредност на изградбата на ВПД Тетово изнесува 253.582.000,00 денари.

Воспитно-поправен дом претставува целосно нов комплекс на објекти со површина од околу 16.000 квадратнио метри, ограден со безбедносна жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Од Министерството велат дека целосно се исполнети условите за самостојно функционирање на установата. Има три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2, а покрај сместувачките објекти изграден е административен блок со нето површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата, како и објект со две работилници и гаражи за работно ангажирање на штитениците.

– Оваа установа која наскоро ќе биде ставена во функција ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца во судир со законот. Отпадните води целосно се прифаќаат и се одведуваат до пречистителна станица. Изградена е котларница која за погонско гориво користи лесно масло, наменета за затоплување на објектите, како и соларни панели на секој објект, се додава во соопштението од Министерството за правда.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе