Платформата за родова еднаквост бара од работодавачите

„Маргини“: Работничките да бидат ослободени од работа за да маршираат на 8 март

Платформата за родова еднаквост упати барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски во понеделник на 8 март од 14.00 до 17.00 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува". Платформата потсетува дека секоја година на 8 март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените, а дека годинава маршот е посветен на заштита на жртвите во случајот „Јавна соба" и кривичен прогон на сторителите на сексуално насилство и сексуално вознемирување.

Со маршот жените ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи на насилство врз жени и родово засновано насилство, преку унапредување на работата на клучните институции.

„Бидејќи родово заснованото насилство е проблем кој го засега целото општество, па оттука е одговорност на сите чинители, работодавачите треба да го поддржат овој марш со тоа што ќе овозможат жените да присуствуваат. На ваков начин работодавачите ќе се претстават како општетсвено одговорни чинители кои застануваат на страна на жените жртви на насилство", велат од Платформата за родова еднаквост.

Во апелот се потсетува дека насилството над жените ги засега и работните односи, од една страна, тоа се појавува и во работни средини, најчесто во форма на мобинг и вознемирување, за што работодавачите имаат обврска да преземат превентивни и заштитни мерки. Од друга страна, насилството над жените има негативно влијание на нивното здравје, работоспособноста, посветеност на работата и кариерното унапредување создавајќи бариери за еднакво учество на пазарот на трудот.

Платформирата за родова еднаквост информира дека маршот ќе започне во 15 часот пред МВР кај главниот влез, а ќе заврши во Парк Жена Борец.

„Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство. Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме интитуциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања." се вели во објавата на маршот за 8 март.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе