Mанифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи на 3 октомври

Дваесет и деветтото издание на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз" годинава ќе се одржи на 3 октомври, во скратена форма. На одржаниот состанок, Организацискиот одбор на манифестацијата утврди дека поради корона-кризата неопходно е многубројните, повеќедневни содржини да бидат сведени на минимум.

Се планира да се прикажат само обичаите зажнејување и вршидба, како настани што ја одржуваат релацијата со традиционалниот начин на одгледување на кочанскиот ориз.

„Целта е да не се прекине тридеценискиот континуитет на манифестација, а да се избегнат масовни собири и опасноста за ширење на заразата. Во рамки на манифестацијата ќе биде доделена и наградата за најуспешен оризопроизводител, за што конкурсот е во тек и ќе трае до понеделник, 28 септември“, истакнаа од Организацискиот одбор на „Деновите на кочанскиот ориз".

Овогодишниот скртаен формат на „Деновите на оризот" ќе биде придружен со завршните содржини и затворањето на Драмскиот аматерски фестивал чиј домаќин е Кочани.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе