Манчевски: После десет години конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковен

Во новото министерство за политички систем не се предвидени нови вработувања, туку ќе има преземања од владиниот Секретаријат за Рамковен договор, а конечно ќе биде решен проблемот со вработените според тој договор, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според Манчевски, завршени се постапките за ангажман на дел од вработените според Рамковниот договор кои не беа распоредени на работни мести, а во најскоро време тоа ќе се направи и со другите откако завршија претседателските избори и нема законски ограничувања.

„За стотици веќе е завршена  постапката, а за остатокот откако завршија претседателските избори и веќе нема ограничувања во најскoро време ќе биде завршена, така што проблемот после десет години во голем дел е решен и конечно ќе биде решен, рече Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања во тек на конференцијата за дигитализација, во организација на МАСИТ и компанијата „Даталаб“.

Прашан кога ќе има видливи реформи во администрацијата, ресорниот министер наведе дека во делот на услугите за граѓаните дел се видливи, дел ќе стартуваат за еден до два месеца, а кај реорганизацијата на администрацијата до крајот на годинава. На најтранспарентен начин, посочи, може да се следат активностите за реформите на кои се работи.

„Го отворивме центарот „Една точка за услуги“ во Скопје, проект што ќе продолжи да се шири и во другите градови. Се работи за проблеми кои се таложеле 30 години и што првпат која било  Влада се одлучува да ги решава наместо да ги става под тепих. Дел од работите се видливи, но во најголем дел нешто следува брзо, нешто до крај на годината, за нешто и по четири – пет години. Навистина се работи за тешки и обемни процеси, но важно е дека тргнавме по вистинскиот пат, ги објавуваме реално состојбите како што се, имаме извештај, сите не следат што работиме, имаме индикатори и акциски план за  Стратегијата за реформа на јавната администрација“, наведе министерот Манчевски

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе