МАН на протест-„На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсење и прогони“

Под мотото „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и прогони!“ денеска пред Основното јавно обвинителство се одржа мирен протест, во организација на Македонската асоцијација на новинари (МАН), како реакција на обвинителниот акт за оддавање службена тајна во предистрага што го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против Александар Митовски од порталот Инфомакс.

Митовски, кому му беше поднесен обвинителен акт за оддавање службена тајна по објавување на дел од записник од исказот на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“ изјави дека обвинението е директен притисок врз слободата на медиумите и, како што вели, е наменет за заплашување на новинарите.

„Мора да се каже еднаш, мораме да застанеме сите заедно како колеги и да кажеме доста е со овие притисоци“, изјави Митовски, додавајќи дека се надева оти апелите за медиумските слободи на сите колеги од изминатите денови ќе стасаат до обвинителот Љубомир Јовевски, премиерот Зоран Заев и до сите надлежни институции.

Учесниците на протестот по собирот пред Обвинителството се упатија пред Основниот суд, каде исто така искажаа незадоволството од правното гонење на новинарите.

Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 23 август, преку интернет порталот инфомакс.мк на јавноста ѝ ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе