Малку возила на Меџитлија, долги колони на Богородица за влез во Грција

Според информацијата на АМСМ, на граничниот премин Богородица патниците чекаат околу 40 минути, додека на Табановце околу 20 минути. Нема информација колку точно се чека за влез во Грција на граничниот премин Меџитлија (блиску до Битола), но надзораната камера во моментов покажува мал број на возила

Meџитлија на пладне

„Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

Богородица на пладне

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Легенда под Главна слика

Meџитлија на пладне

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе