Ретки и целосно функционални стари автомобили над Милоково Брдо

Мал музеј на олдтајмери во Делчево

Делчевецот Лоренцо Трајановски направи мал музеј на стари автомобили, прв во Делчево. Во моментов тука има 17 ретки автомобили олдтајмери кои се целосно функционални. Автомобилите се изложени во кругот на неговата вила над населбата Милково Брдо во Делчево.

„Од олдтајмерите кои ги имам најстара ми е оваа Фолксваген Буба, која неодамна е реставрирана. До неа има уште едно ретко возило Алфа Суд и како што може да забележите овде има само ретки возила. Овде има 17 возила на број и сите се функционални. Имав и други возила, но врз нив ќе имаше многу работа и затоа се задржав само на овие возила“, вели Трајановски.

Трајановски има во план тука да отвори и сервис за поправка на возилата како и изградба на летниковци каде посетители ќе можат да доаѓаат во посета на музејот и притоа ќе имаат катче за одморање.

„Со моите колеги од здружението, имаме план на ова место да направиме еден мал мини сервис, за некои ситни поправки на возилата, додека околу објектот предвидена е и изградба на летниковци каде ќе може секој да дојде да ги види олдтајмерите и да ги повози ако сака“, додава Трајановски.

Во близина на Музејот се наоѓа неговиот насад со сина слива од која изработува домашна ракија со своја сопствена етикета.

Освен што е вљубеник во олдтајмерите Трајановски долги години работи како пожарникар во делчевската Територијална противпожарна единица. Учествувал во многу акции за гаснење пожар, а многу пати ја има покажано и својата хуманост, реновирајки дел од опожарените објекти на луѓето бесплатно користејки го своето знаење од работа со гипс картон.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе