Макрадули најави дека проектот за клима инвертери за граѓаните стартува денеска

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес, веднаш по владината седница во Штип, најави заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули рече дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

„Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери. Мислам дека проектот ќе стартува денес веднаш по владината седница во Штип”, изјави Макрадули во Битола, каде што ги посети основните училишта „Кирил и Методиј” и „Александар Турунџев” каде со поддршка на Министерството за животна средина се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1.000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрвоа предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе