Македонскиот полициски синдикат бара безбедносните служби да бидат меѓу приоритетните за вакцинација

Македонскиот полициски синдикат бара вработените во Агенцијата за разузнавање, МВР, Агенцијата за национална безбедност и во Управата за финансиска полиција да бидат  вклучени во приоритетниот план за вакцинација против ковид-19 како лица изложени на највисок ризик и тие да се вакцинираат во првата или најдоцна во втората фаза од имунизацијата.

Ваквото барање го изнел претседателот на Македониот полициски синдикат, Марјан Кицев во писмо упатено до премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и до директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Во писмото се објаснува дека во синдикатот има околу 8.500 членови, а „вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажаа својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на ковид-19“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе