Македонскиот државјанин кој ја уби сопругата призна: Да, сакав да ја убијам (ФОТО+ВИДЕО)

Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К., на паркинг во австрискиот град Тулин, изјавил дека не се кае, пренесуваат австриските медиуми.

Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.

„Да, сакав да ја убијам“, рекол тој.

Според медиумите Џемаил.М, работел како молер во фирма за фасади и имал проблеми со коцкање. Тој и претходно ѝ бил познат на полицијата, односно бил осуден на шестмесечна условна казна поради насилство, по што сопругата избегала во прифатилиште за жени.

Но неговата сопруга по извесен период повторно го примила назад, по што полицијата интевенирала на 6 јануари. Замира.К. се обидела да издејствува забрана за пристап на сопругот, а нејзиното барање требало да биде разгледано во надлежниот суд во Санкт Пелтен.

Џемаил.М. сакал да ја одврати сопругата од нејзината намера, па ја чекал на паркингот пред супермаркет во Тулн. Но, таа одбила да разговара и се упатила кон нејзиниот автомобил. Пред да го стартува возилото, таа била избодена со нож во вратот, по што искрварила до смрт на местото на злосторството, пренесува австрискиот весник „Хојте“.

Децата на брачната двојка се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите. 

На  Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе