Марихуаната била скриена во специјални бункери под седиштата

Македонски полицајци фатени со дрога во Црна Гора, МВР вели останала во автомобилот од акција во 2016

Македонски полициски службеници се фатени со дрога во Црна Гора која била скриена во специјални бункери под седиштата. Од МВР официјално потврдуваат дека се случил настан во кој била најдена марихуана во автомобил што го возеле полициските службеници, но објаснуваат тие не биле поврзани со настанот, туку дрогата останала во автомобилот од акција за запленета дрога во 2016 година. Возилото, како што објаснува МВР им било дадено на користење од Агенцијата за одземен имот, па така, како што велат дрогата се нашла во автомобилот. 

„Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто паркот на МВР, кое инаку МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, се вели во одговорот што МВР ни го истари.

Од таму додаваат дека за целиот случај го известивме и нашето Јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот.

Дрогата е пронајдена во полициско возило, а како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа, заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на автомобил со регистарски таблички од Македонија. Автомобилот се движел од правецот на Албанија кон Црна Гора.

Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици.

Возилото со регистарски таблички на Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење. 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе