Фирмата „Маврово“ го изградила дел од патот на кобната несреќа кај „Струма“

Патот од кобната несреќа на автопатот „Струма"  во Бугарија бил изградена од македонската фирма „Маврово" пред неполни 20 години, пренесува Бтв. Проектантот на делницата е бугарска фирма, а Македонците биле само изведувачи. Изградбата и била доверена на македонската компанија „Маврово" по добиен тендер.

Вината не е во изведувачот, коментираат експертите. Според нив, инаку трасата е во добра состојба, добро одржувана.

Сега се прават утврдувања по должината на самиот пат, и падините на двете страните се прицврстени со силна мрежа. Сепак, тоа не го попречува сообраќајот на делницата, велат експертите.

Во несреќата вчера според првичните информации загинаа 46 лица, а 7 се повреди. Преживеаните успеаја да се спасат откако го скршиле задниот прозорец на автобусот и скокнале додека тој бил во пламен. 

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе