Македонската џудо федерација вели дека тренерот осомничен за педофилија одамна не е нивен член

По последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо Македонската џудо федерација информира дека овој тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година бил дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на статутот и други мерки и протоколи.

Од федерацијата велат дека на овој тренер одземена му е лиценцата и исфрлен е од џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции, вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт.

„Згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што сме целосно на располагање на истражните органи“, цоопшти Џудо федерацијата на Северна Македонија

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе