Тешка сообраќајка

Македонка и тројца грчки полицајци се тешко повредени, а двајца загинаа откако возила се судрија со диви свињи во Грција

Во тешка сообраќајна несреќа во Грција загинаа двајца, а четворица се повредени, меѓу кои македонска државјанка и тројца грчки полицајци. Според грчките медуми, во сообраќајката учествувале три автомобили и чопор диви свињи, а се случила синоќа околу 23:30 часот, на 62-от км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш. 

Фото: Елдисис.гр

Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и излетале од својата лента.

Како што пишуваат грчките медиуми, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива.

Трето возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.

Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Легенда под Главна слика

Фото: Елдисис.гр

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе