Коронавирус

Македонија ги стопира поштенските пратки кон Кина, а оттаму сѐ уште пристигнуваат

Испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон Кина нема да се врши во наредниот период поради привременета забрана за летови кон и од Кина што ја воведоа авиокомпаниите како резултат на ширењето на коронавирусот. Но, пратките од Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика, информираат од Пошта на СМ.

„Поради ширењето на коронавирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачјето на Кина, нема да се врши во наредниот период“, објави Пошта на СМ на својата веб страница.

Националниот поштенски оператор ги замолува корисниците за разбирање и најавува дека навреме ќе извести за сите промени.

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус. Според СЗО, последните анализи покажале дека вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети.

 

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе