четврток, 18 април 2024

Со премиера на „Црна дупка“ и изложба на театарски фотографии, Струмичкиот тетар ќе одбележи 75 години од постоењето

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна режисерот, претставата е истражување на тоа што како изведбен потенцијал го содржи текстот на Горан, на можностите што ги нуди неговата необична и зачудна драматуршка структура. Затоа, кога се разговарало што да се избере за јубилејот, тој ја предложил пиесата на Стефановски.

„Се определивме за ‘Црна дупка’ бидејќи на некоја начин сметам дека е многу актуелна во овој момент за состојбата во која се наоѓаме.Кога велиме ‘Црна дупка’ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по ‘Диво месо’, по ‘Лет во место’ и други и бара еден поинаков пристап“, рече режисерот Ѓоргиевски.

Актерот Васил Михаил, кој ја толкува улогата на Силјан, смета дека претставата е многу модерна, современа и пулсира со денешницата.

„Овој текст од наша гледна точка не е воопшто лесен за поставување и затоа малку е поставуван на сцените на професионалните театри во државата. Беше предизвик да се работи овој текст и се надевам дека публиката ќе го прифати и претставата ќе комуницира со неа“, рече Михаил.

Во преставата освен Васил Михаил, настапуваат Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

Премирата ќе се одржи утревечер, кога ќе биде отворена и изложбата на театарски фотографии со наслов „75 години Национален театар Антон Панов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ