Во светот

Лонли планет ја означи Македонија за трета најдобра туристичка дестинација за 2020

Компанијата за туристички совети вели дека „гастрономијата, античката традиција и природата“ ја ставаат Македонија на третото место на туристички дестинации во светот.

Македонија е прогласена за трета најдобра туристичка дестинација во светот во 2020 година, зад Бутан и Англија.

Списокот на Лонли планет, претставен во книгата „Најдоброто од патувањата 2020“, е составен врз основа на „актуелноста, уникатните искуства и факторот на одушевување“.

„Списоците од 'Најдоброто од патувањата' вријат од годишнини и отворања на аеродроми. Ретка е можноста да се слави ребрендирањето на една земја“, вели Лонли планет.

„Таков е случајот со Северна Македонија - место најпознато едноставно како Македонија - кое доби нов прекар по децениските политички дебати со соседна Грција. Договорот потпишан во 2018 година поттикна убав импулс на соседска љубов и обновен меѓународен имиџ за малата нација во срцето на Балканот.

Таа веќе беше позната по гастрономијата, античката традиција и природата, но зависниците од културата и авантуристите ќе најдат нов изговор да ја посетат во 2020 година со додавањето нови летови до Охридско Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, и неодамна покренатата 'Висока шарпланинска патека'“, 495-километри долга патека по должината на најдраматичните врвови на регионот“, вели Лонли планет.

„Со тукушто решен еден од најдолгите конфликти во Европа - спорот со Грција за името Македонија - прекрстената 'Северна' Македонија е преполна со напуштени дотраени цркви, живописни планински села и историски докази од безбројните освојувачки империи“, вели Ајриш егзаминер коментирајќи го изборот.

„Ако по нешто ви е позната земјата, тоа веројатно е пејзажот, но поупорните патници ќе наидат на изобилство од културни љубопитства и страст кон убавата храна. Скопската Турска чаршија му е достоен конкурент на Истанбул, додека Македонците имаат и склоност и талент за црвеното вино.“

 

Целиот список на земји:

Бутан

Англија

Северна Македонија

Аруба

еСватини

Костарика

Холандија

Либерија

Мароко

Уругвај

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе