Доцна попладнево

Пожарникар заврши во болница, локализиран е пожарот во кругот на ОХИС

ожарот во кругот на ОХИС е локализиран, потврди Звонко Томевски, заменик командир на противпожарните единици кои се справуваат со огнот. Тој рече дека еден од пожарникарите е однесен на Клиниката за токсикологија кому му се слошило од вдишан чад. Остануваат екипи кај Управната зграда, бидејќи во неа имаше посилен оган. Оган горел и врз депонијата со линдан, но се претпоставува дека тоа не предизвикалo разгорување или активирање на опасната хемикалија. Дека нема опасност од труење на воздухот потврдуваат од Државниот инспекторат за животна средина.

Според пожарникарите, пожар избувнал на три одвоени места и затоа и било проблематично гаснењето со две возила, бидејќи останатите се испратени по други терени низ скопскиот и другите региони во земјава. Потоа силите се зајакнале со вкупно седум возила и 30 пожарникари.

Томевски немаше информација дали огнот ќе предизвика последици од депонијата со екстремно отровниот линдан. Среќна можеби е околноста дека над депонијата имало малку сува трева и не би требало да бидат предизвикани последици.

Сепак, во кругот на ОХИС е повикан со свои луѓе Државниот инспекторат за животна средина, а повикан е и стечајниот управник на ОХИС со оглед на тоа што е опожарена управната зграда.

Според претставниците од Државниот инспекторат за животна средина, огнот не зафатил хемикалии и нема никаква опасност по здравјето на луѓето и животната околина.

Тоа го потврди и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски кој изјави дека линданот е покриен со земја. Рече и дека во кругот на фабриката нема опасни хемикалии, а дека пред повеќе време е отстранет и многу опасниот винил хлорид.

Сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски" од безбедносни причини, но и за да имаат пристап противпожарните екипи, е затворен и сообраќајот се пренасочува кон други локални патишта.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе