„Опожарени се и овошни насади и дрвени огради кои се наоѓаа во близина. Причинета е материјална штета со уништена папрат, букова шума и сува трева,“ истакна Трајчевски.
Во гаснењето на пожарот, како што додаде, учествувале едно возило (пикап) со двајца пожарникари од М.Каменица, три лица од месното население и три лица со теренско возило од Доброволното противпожарно друштво од Кочани.
Во исто време, како што додаде командирот на Територијалната противпожатна единица од М.Каменица, со еден пожарникар и возило цистерна угасен е пожар кој се појавил на запален оџак на улицата ,,Методи Митевски – Брицо" во М.Каменица.