Локализиран пожар во атарот на село Глуво, Скопска Црна Гора

Мештани на село Глуво, во Општина Чучер-Сандево, локализираа мал пожар кој беше забележан вечерва околу 20 часот во атарот на селото.

Како што споделија мештаните, пожарот го забележале околу 20 часот и веднаш побарале помош.

„Петнаесетина минути пред 20 часот забележавме чад и веднаш повикавме пожарна и полиција, притоа заѕвоневме и со црквеното ѕвоно од црквата „Св.Никола”, со која ги повикавме мештаните на помош“, кажа жител на Глуво.

МИА се појави на местото на настанот веднаш по огласувањето на ѕвоното и таму затекна околу 40-тина мештани кои со лопати и трактори беа присутни да помогнат околу гаснењето на пожарот.

Првата интервенција од вечерашната трета смена на противпожарната бригада Бит Пазар беше токму овој пожар, на чија локација пожарникарите пристигнаа околу 21 часот, каде што веќе беше пристигната и полицијата.

Пожарникарите извршија увид на местото на настанот и со резервоари со вода изгаснаа остатоци од жарта, а некаде кон крајот од локализирањето, еден од мештаните на својот трактор донесе и цистерна со вода.

Ова е прв пожар во овој предел летово.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе