Љупчо Ѓурчиновски нов командир на ПС „Центар“

На вчерашната 59-та седница, покрај останатите точки на дневниот ред на Советот на Општина Центар, беше и изборот на нов командир на Полициската станица од општа надлежност „Центар".

Советниците имаа можност да бираат меѓу три кандидати, предложени од Министерството за внатрешни работи, од кои како најдобар кандидат беше избран Љупчо Ѓурчиновски, дипломец на Факултетот за безбедност и полицаец со стаж повеќе од 21 година, соопшти Општина Центар.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на досегашниот командир на ПС „Центар", Милисав Милијевиќ, долгогодишен полициски службеник и последен командир на полициската станица во Центар.

За командир на Полициска станица од општа надлежност согласно членот 24 од Законот за полиција, може да биде избрано лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос во Полицијата предвидени со овој закон, треба да има завршено соодветно високо образование и да има работно искуство во Полиција од најмалку шест години, наведуваат од Општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на новиот командир на ПС „Центар", Љупчо Ѓурчиновски, му посакува успех во работењето и продолжување на досегашната успешна и плодна соработка помеѓу Полицијата и општината.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе