Листата на трети земји за кои Грција ќе дозволи влез ќе биде финализирана утре

Листата на трети земји за кои Грција ќе дозволи влез ќе биде финализирана утре, откако за конкретното прашање ќе завршат консултациите на ниво на Европската Унија, брифираат грчки владини извори, во однос на тоа што ќе важи од 1 јули за авионското, морското и копненото поврзување од и кон јужниот сосед со земјите што не се во ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Од среда Грција ќе отвори седум гранични премини кон соседните земји, меѓу кои еден е со Македонија (Евзони), а по два со Албанија, Бугарија и Турција.

Портпаролот на грчката влада на денешниот брифинг со новинарите, како што веќе објави МИА, објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија за влезот на државјани на трети земји и дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти својата позиција.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Македонија.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе