Линданот од ОХИС ќе се извезе во Франција, а контаминираната почва во Холандија

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС, а првите количини од 700 тони контаминирана почва би се отстраниле од малата депонија до почетокот на наредната година доколку дозволат условите со пандемијата, информираше денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Планот го предвидува планот за ремедијација на локацијата во фабриката започнува со денешното издавање дозволи од министерот за животна средина.

„Со издавањето на ова решение денеска од министерот за животна средина практично почнува реализацијата на планот за ремедијација. Во постапката за издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на Министерството согласно Базелската конвенција, во Франција ќе се извезе линдан, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на делот од малата депонија да заврши до почетокот на наредната година доколку дозволат условите со пандемијата при што би се отстраниле првите количини, тоа се 700 тони контаминирана почва“, изјави Арсовски.

Владините портпароли денеска информираа дека Владата вчера на 65-тата седница го одобрила планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

Ова решение следува откако УНИДО, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

На прашањето зошто Владата не ги објави авторските трудови на хонорарците на Петрит Сарачини, Ивана Митрова, Ибраимовски.., Арсовски истакна дека сите хонорарно ангажирани лица од страна на Владата имаат авторски договори на определен рок за точно утврдени цели и задачи.

„Владата транспарентно ги објави сите овие податоци како стандард што до сега го немало во СМакедонија. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Квалитетот на извршувањето на задолженијата  го оценува Владата. Делата, трудовите и анализите кои се подготвени од соработниците непречено ги користат службите во Владата и институциите при реализацијата на различни проекти од интерес на граѓаните“, рече Арсовски.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе