Лице со потекло од Македонија подготвувало терористички напад во Германија

Во германскиот град Офенбах, во сојузната покраина Есен, уапсени се три лица кои се сомничат за поврзаност со џихадистичката организација Исламска држава, од кои првоосомничениот е по потекло од Македонија.

Германската полиција уапси три лица, од кои двајца со турско и еден со потекло од Македонија, осомничени за подготовка на напад со бомба во име на ИСИС во западниот град Офенбах, објави Јуроњуз.

Обвинителот на Франкфурт, Надја Нисен, рече дека главниот осомничен е 24-годишник со македонско потекло, кој се обидел да произведе домашна бомба и да набави оружје преку интернет.

Тројца уапсени се на возраст од 21, 22 и 24 години.

Главниот осомничен, 24-годишен германски државјанин со потекло од Македонија и според истрагата ги купил супстанциите потребни за изработка на бомби и исто така се обидел да купи пиштоли.

„Во текот на претресите пронајдени се бројни докази, пишани материјали и дигитални носачи на информации“, се наведува во соопштението на обвинителството во Франкфурт кое го цитираат медиумите.

Покрај тоа, во станот на првоосомничениот биле откриени „супстанции поврзани со експлозиви“.

Во операцијата за апсење на осомнитечните биле ангажирани околу 170 припадници на германските безбедносни служби.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе