Летен режим за истовар на патници и паркирање автобуси во Охрид

Согласно новиот режим на сообраќај и паркирање во летната сезона во Охрид, организираните групи туристи што ќе пристигнуваат со автобус во градот, симнувањето и качувањето во автобусите ќе треба да го вршат во строго одреден дел, поточно на улицата „Кузман Јосифоски Питу" до пресекот со улицата „Партизанска", кај универзитетот „Свети Апостол Павле".

Автобусите со новиот режим на паркирање во центарот на градот нема да имаат пристап до крижниот тек кај Градскиот плоштад, а за нив е обезбедено место за паркирање зад спортската сала „Билјанини извори“.

Според усогласените правила, сите автобуси паркирани на други локации ќе бидат казнувани согласно Законот за непрописно паркирање.

Инаку, цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а 600 денари за 24 часа.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе