Реакција

Лазаревски од ЗОЛА компани: Големите трговски ланци вршат голема измама со продажбата на „бејби биф“ месо

Нема ништо спорно во заштитената трговска марка „бејби биф“. Тука главно се работи за бизнис интересите на големите ланци од малопродажбата кои откако ЗОЛА ја прекина испораката за нив на вистинско „бејби биф“ месо, тие и натаму продаваат јунешко месо како „бејби биф“ и на тоа прават голема заработувачка, вели во изјавата за МКД.мк Зоран Лазаровски од компанијата ЗОЛА од Страцин, Кратово.

Во тек е спор на неколку трговски компании кои од судот бараат бришење на трговската марка „бејби биф“ од регистарот на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС). Нивното образложение е дека се работи за генерички термин, што според Лазаревски нема никаква врска. Тој реагира и на експертизата на професорката Јадранка Дабовиќ која смета дека се работи за генерички термин и дека ЗОЛА немала право на таква заштита.

„Укажувањето дека практиката на ДЗИС во однос на генериката, но не и во однос на дескриптивните знаци (описните знаци) и во однос на дистинктивните знаци (знаците што укажуваат на различноста) има оправдан и легитимен правен (оваа би требало да е сугестија дека професорката е правник) интерес на некоја фирма да поднесе предлог за огласување за ништовни трговски марки на друга фирма заштитени со низа документи за заштитеноста на трговските марки. Сметам дека „стручното мислење“ дадено како укажување од стручњак накитен со титули и звања е тенко? Затоа што укажувањето не ги темели врз описни знаци и знаци што укажуваат на различноста туку, така „експертски“, си посега по практикувањето на - фенериката. Тука, во тој дел од укажувањето на професорката Јадранка Дабовиќ Атанасовска не разбрав што би требало да „покрие“ тој израз. Како што се знае, изразот води потекло од француското GENERIQUE што се преведува како РОД бидејќи во неговата основа стои латинското GENUS што значи токму тоа - род. Не разбрав затоа што од тој корен потекнуваат и зборовите: генератор - создавач, производител; генерација - раѓање, поколение, постоење; генерационизам - кој, според теолошката мисла, значи дека детето ги наследува родителите; генеризен -  дарежлив, великодушен. Не успеав да разберам дали професорката докторка експерт го имала предвид создавачот на трговската марка кој, евидентно, според наведените документи постои, кога советува огласување ништовност на трговските марки создадени од него или така великодушно и дарежливо „укажува“ дека родителот е помлад од своето дете. И уште тврди дека има доволно аргументи на страната на нејзиното укажување. Можела таа да се повика на аргументот „жими мајка“, оти друг аргумент нема посочено. И од експерти, особено од вакви, ако е за аир, доста ни е. Дескриптивните знаци што остануваат зад нивните „стручни мислења“ укажуваат дистинктивни знаци дека не се тоа што, според нивното кажување, би требало да се. Напротив. Немам титула  „д-р“ ниту звање „проф.“, ама не можам да се согласам да „голтнам“ нешто што за голтнување е тешко, па и нека е стокмено од професор доктор. Не ми се верува дека има некој што за такво голтање е спремен“, вели револтирано стопанственикот Лазаревски.

Тој објаснува дека откако ја регистрирал оваа трговска марка (2014), веднаш почнале проблемите со големите трговски ланци. ЗОЛА од тогаш речиси сосема пропаѓа, веќе не произведува „бејби биф“ месо, трпи големи загуби, а на тезгите слободно, без никаква контрола се продава такво месо, а се работи за сосема поинакво јунешко месо, многу поевтино и сосема несоодветно за мали деца.

Лазаревски со семејството на почетокот на бизнисот, 1997 година

„Најмногу ми е жал за мајките кои за нивните мали деца купуваат „бејби биф“ месо, сметајќи дека е навистина тоа такво месо, а ве уверувам дека се работи за месо со многу пониска класа, месо кое воопшто не одговара на она што значи висококвалитетно, вистинско „бејби биф“ месо. Со оваа неправда се борам веќе 5 години, но на крајот ќе докажам што е „бејби биф“ и дека оваа трговска марка е моја и не може да биде сечија“, вели Лазаревски кој потсетува дека со овој бизнис почнал уште од 1997 година и дека многу работел на промоцијата на оваа марка по трговските ланци и на едукацијата на населението за бенефитот од користењето на ова месо.

Во тек е спор на Управен суд, а вомеѓувреме се поднесени и неколку кривични пријави. Правосудните органи се на потег да пресечат, а Лазаревски вели, во случај на негативни решенија на македонските судови, тој е спремен правдата да ја бара и на меѓународните судови.

А.Д.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе