Блокиран патот Струга-Дебар

Лабуништа, Октиси и Подгорци бараат затворање на каменоломите во Лабуништа

Жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Октиси преку мирен протест и блокирање на магистралниот пат Струга – Дебар побараа затворање на каменоломите во Лабуништа.

Организатор на протестот е еколошкото друштво „Натура Лаб“ од Лабуништа, кое бара од ресорните министерства и Владата одземање или раскинување на концесиите во најкраток можен рок, со цел да се заштите населението од големото загадување предизвикано од ископите, како и да се спречи уништувањето на природните убавини.

Во моментот, според претседателот на „Натура Лаб“ Алим Салоски, во подножјето на планината Јабланица, селото во Лабуништа имало шест активни каменоломи, кои работат со лиценци и уште неколку што работат без дозвола.

„Јавно ги покануваме одговорните министерства и премиерот Зоран Заев да дојдат на лице место и да се уверат што се случува на терен. Бараме од градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко да каже и докаже на кој начин е издадена Б интегрирана дозвола за работа на каменоломите“, истакна Алиоски.

Жителите побараа и од АД „Илинден“ веднаш да престане со работа на терен и да ги повлече машините.

Доколку институциите не одговорат на барањата, месното население најави порадикални протести пред општина Струга, но и пред Владата на Република Северна Македонија.

Жителите на Лабуништа денеска ќе формираат и одбор за спас на селото, апелирајќи за брзо надминување на проблемот и неполитизација на настаните.

МИА

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе