Од денеска го живее американскиот сон

Кучето Дарио кое беше малтретирано од локални жители на Новоселски пат, е вдомено од семејство во Чикаго

Заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон, соопштија од ЈП „Лајка“.

По повеќе од три месеци поминати во „Лајка" и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите наши вработени, подготвен за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго.

„Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка" што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка", за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци, соопштија од „Лајка"

Се надеваме, велат од Лајка, дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе