Крводарителска акција во Делчево

Крводарителска акција денеска организираше Општинската организација на Црвен крст во Делчево. Акцијата се спроведе во соработка со Инстутутот за трансфузиона медицина од Скопје, чиј претставник Весна Јанева, ги пофали хуманите делчевци за масовниот одѕив.

„Денешната акција е комбинирана, во неа учествуваат редовни крводарители, како и средношколци, а има и жени крводарители. Секогаш во Делчево имаме одличен пречек. Крводарителите се исто така одлични, доаѓаат на секои три до четири месеци да даруваат крв, што е за поздравување“, рече Јанева.

До крајот на календарската година остануваат уште две акции, кои, како што информираше Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, ќе се реализираат во идниот месец.

„Станува збор за крводарителски акции кои ќе се одржат во Делчево и Македонска Каменица. Ова нека биде покана до сите кои пропуштија да даруваат крв денес, тоа да го сторат на почетокот на следниот месец“, рече Атанасовска.

Според евиденцијата на Општинската организација на Црвен крст Делчево, досега од почетокот на годината, акцискиот план за крводарување во изнесува 85 проценти, што според Црвениот крст Делчево значи дека со последните две акции годишниот план за работа кога е во прашање крводарувањето ќе биде целосно реализиран. 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе