Црвен крст- Општинска организација Кисела Вода

Крводарителска акција: Скопскиот земјотрес не е синоним само за болка и трагедија, туку и за подавање рака

"Скопје веќе не постои!", Со оваа бодникава реченица, радио Приштина прва јавува во 7 часот на кобниот 26 јули далечната 1963год, за распукнувањето на еден уникатен град. Со силен татнеж, веста се распрснува низ радио станиците на некогашната единствена Југославија. Плач, лелеци, солзи, пустош и смрт го имале дочекано 26-то јулско изгрејсонце во нашето родно Скопје.

„Денес 58 години подоцна ја распостиламе прекривката на споменот. 58 години подоцна Скопје живее во еден нов, авангарден дух. Црвен Крст на Република Северна Македонија, составен од илјадници истрајни млади волонтери и стручни лица ги испружува своите раце и е дел од процесот на солидарност и хуманост секојдневно. Младите се симбол за иднина, вредни и истрајни, овие волонтери на терен секојдневно опслужуваат корисници преку обезбедување на основни сретства за живот изразени во хуманитарни пакети со облека, храна и хигиена. Волонтерите ги посетуваат лицата во трето доба, болните и изнемоштени граѓани и им пружаат помош и поддршка кога им е потребно. Од тој ден-Ден на солидарноста, под мотото: "За Скопје со љубов" како знак на пожртвуваност се одржува и масовна крводарителска акција под покровителство на Црвениот Крст и Инситутот за трансфузиона медицина“, велат од Црвениот крст -Општинска организација Кисела Вода, по повод денешната крводарителска акција. 

Додаваат дека ова ни дава индиции да заклучиме дека Скопскиот земјотрес не е синоним само за болка и трагедија, тоа е синоним за подавање рака, спој и соживот.

„Загубите и ден денес потикнуваат ровки солзи, но истите тие тешки, судбински моменти Скопје го одбележале со нов, непроценливо вреден грандиозен споменик од најцврст материјал, а тоа е солидарноста. И го украсиле со најблагороден скапоцен камен- хуманоста. Секогаш ќе боли темата Скопје '63, но благодарение на истото тоа денес ние сме спој на различностите, а доказ за единството“, вели Јована Петровска, волонтер при Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе