Против фирма и три лица

Кривични пријави за градежни работи во заштитена зона, дури и во Охридско Езеро

Три лица и правен субјект добија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности" во заштитената зона на брегот на Охридско Езеро. Тие извршиле дотур на земја и камен, со што ја прошириле парцелата на 900 квадратни метри навлегувајќи дури и во водите на езерото.

Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК" со седиште во Охрид.

Според полицискиот записник, првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан" во близина на Охридското Езеро, сѐ уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата ги ангажирал второ и трето пријавените, вработени во фирмата „Нефи ИК" и побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро.

Тие извршиле дотур на земја и камен со што ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи дури и во водите на Охридското Езеро.

Случајот беше пријавен уште во ноевмри минатата година, кога беше регистрирано и снимено како со тешка механизација се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во непосредна близина на новиот комплекс згради и дом за стари лица во изградба кон Извидничкото одморалиште кај Далјан. Уште тогаш на терен излезе инспекција на Општина Охрид и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои потоа побараа од полицијата да го пронајде сторителите.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе