Десет месеци нелегален транспорт, поднесено е обвинение

Криминална група шверцувала мигранти, оставале возила со 94 илегалци

Десет месеци група од шест лица шверцувале мигранти. Меѓу нив биле двајца браќа, девојка на еден од организаторите и уште три лица. Превозот го вршеле со различни автомобили и товарни возила во кои можело да собере повеќе лица, а на нив биле закачени лажни регистерски таблички. Во неколку наврати како резултат на полициските патроли, членовите на групата задолжени за превезување на мигрантите исплашени да не бидат откриени бегале и ги оставале возилата со мигрантите. На тој начин во три одделни случаи во напуштените возила се пронајдени 94 илегални мигранти.

Шверцот на мигрантите групата го договарала преку СМС пораки во кои биле внесени координати и локација од околината на Дојран, Струмица и Гевгелија од каде обвиетите ги земале мигрантите.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт за криумчарење мигранти за шест лица. Криминалната група во повеќе наврати прифаќала и превезувала илегални мигранти со различни патнички и товарни моторни возила адаптирани за превоз на повеќе лица и со лажни регистарски таблички. Од парите заработени од бизнисот купувале возила и недвижности.

Како што соопшти ЈО, во период од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие браќата Р.В. (27) и Д.В. (26) организирале група за вршење кривични дела – криумчарење мигранти, а припадници на организираната група станале А.А (28), В.Д. (22) и И.М. (27).

Организаторите го договарале пренесувањето на илегалните мигранти, при што кон НН лица од Грција и кумановско-липковскиот регион испраќале СМС пораки со внесени ЏПС координати на локации од околината на Дојран, Струмица и Гевгелија од каде обвинетите А.А., В.Д. и И.М. ги прифаќале илегалните мигранти од територијата на Р.Грција и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион.

Таму мигрантите во организација на НН лице кое престојувало во кумановско – липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на НН лица, соработници и помагачи на организираната криминална група, а потоа биле пренесувани преку територијата на Србија кон државите на ЕУ, се наведува во соопштението на ЈО.

Припадник на организираната група била и обвинетата Д.К.(21) која во тој период била во врска со еден од организаторите и телефонски контактирала со лица организатори и членови на организираната криминална група, договарала и обезбедувала парични средства за успешно криумчарење групи илегални мигранти.

Групата работела и надвор од границите на нашата држава, па така во јануари минатата година од страна на обвинетиот Р.В. на територијата на Грција било организирано прифаќање и безуспешно превезување на 13 лица илегални мигранти, кога од страна на грчката гранична полиција биле приведени двајца македонски и еден српски државјанин. Во кривично правниот настан во улога на т.н.„чистач" учествувал обвинетиот Р.В. кој успеал да избега, но, пасошот му останал во запленетото возило, за што ја известил обвинетата Д.К. Таа и неговото семејство направиле план како безбедно да го вратат во РСМакедонија. Така, мајката на обвинетите Р.В. и Д.В. заминала за Р.Грција со патната исправа на обвинетиот Д.В. со намера обвинетиот Р.В. со неа да оствари излез од Р.Грција. Поради опасноста да биде откриен и фатен доколку ја даде на увид патната исправа на неговиот брат на граничните премини, обвинетиот Р.В. договорил да дојде неговиот татко и заедно илегално да ја поминат државната граница. Обвинетата Д.К. со своето ПМВ марка Волксваген Голф го превезла таткото до одредена локација на територијата на Р.Грција во близина на ГП-Евзони, каде се сретнал со Р.В. и илегално се вратиле на територијата на Р.С.Македонија. Двајцата биле прифатени од страна на обвинетиот Д.В. и уште едно лице и заедно со ПМВ Ауди 6 се упатиле кон нивниот дом. Возилото било забележано како сомнително во близина на македонско-грчката граница и биле запрени од страна на полицијата на која одбиле да се легитимираат и го стартувале возилото со голема брзина, по што биле следени до нивниот дом во с.Стојаково, појаснуваат од ЈО.

Обвинителството доставило и предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка против обвинетите Р.В, Д.В и И.М и мерката куќен притвор определен од Кривичниот совет против обвинетата Д.К да се продолжат, а на обвинетиот В.Д. определената мерка притвор да му се замени со мерка куќен притвор.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе