Адвокатката по двете убиства на родители во Скопје и Куманово

Не е срамота да пријавите ако децата ве тепаат, трагедија е ако заради тој срам ве убијат, советува Котеска Стисниовска

Треба ли да се трудиме да имаме совршено дете или да се соочиме со проблемите кои ги носи несовршеноста на родителството? Ова е прашањето кое ни се наметна по последните две убиства кои месецов се случија во Скопје и во Куманово, а во кои деца убија родители. Син ги закла мајката и бабата во зграда во Скопјe, па потоа друг со кујнски нож син го избоде таткото во Куманово. Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска преку МКД.мк испраќа апел во кој вели дека не треба да се срамиме од општеството и да живееме во стереотипите дека проблемите се само за дома и таму треба да ги чуваме, како и дека не е срамно да се пријави ако децата се насилни, па дури и склони физички да нападнат родител, туку трагедија е кога ќе се случи убиство и тоа не се поправа. 

Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска

Вели дека треба да се запрашаме дали сме склони кон прикривање на грешките на своите деца.

„Во периодот што измина, сведоци сме на две убиства на родител од дете. Првиот случај се случи во Скопје, каде млад човек со нож ги избоде своите мајка и баба, а вториот во Куманово, кај што син со нож го уби својот татко. Временската дистанца помеѓу овие две убиства беше многу кратка, па на сите,како општество ни наметна прашање дали е време да се вклучи аларм за детектирање на проблемите и причините кои доведуваат до ваква појава. Причините освен што мора да ги бараме во падот на општествените вредности, кои ни ги наметнува современиот начин на живот, мора да ги бараме во ставот на малограѓанската средина, но и во постапувањето на институциите. Како родители, сите треба да се запрашаме дали сме сколони кон прекривање на грешките на своите деца или кога ќе детектираме проблем при развојно-воспитниот процес на истите треба да реагираме на соодветен начин, барајќи решение со помош на стручни лица", вели за МКД.мк адвокатката Котеска Стисниовска.

Како што добивањето и растењето на дете со попреченост повеќе не преставува срам, туку порив на секој родител кој има такво дете максимално да му се посвети за подобрување на состојбата и негова адекватна интеграција во секојдневните општествени процеси, така и детектирање на проблеми во однесувањето и воспитниот процес, треба да претставува приоритет за еден родител.

Ако детето стори семејно насилство тоа не треба да се премолчува бидејќи, како што останало од некое дамнешно време „ е срам што ќе каже околината", туку треба да се пријави бидејќи со непријавување му правиме лоша услуга.

„Во рамките на 21-виот век во кој живееме, апсолутно не треба, како родители, да се раководиме кон максимата дека нашите домашни проблеми не треба да излегуваат од дома, особено кога како семеен насилник е токму нашето дете.Секој родител треба да е свесен дека прекривањето на семејното насилство, кое го преживуваме како родители, претставува лоша „услуга" која му ја правиме на нашето дете. Пријавувањето и процесирањето на семејното насилство сторено од дете кон родител, освен што праќа порака на секое дете дека ќе одговара за своите постапки и таквото однесување нема да се толерира и во рамките на сопственото семејство,исто така би послуижило и како пример за општеството дека оваа, девијантна појава треба да биде сузбиена во сите облици. Постапувањето во сузбивањето на овој облик на семејно насилство од страните на институциите исто така треба да биде решителен и неутрален. Праксата покажува неповолни резултати при обиди и процесуирање на иснтитуциите кон мирење на членовите на семејството, користејќи го емотивниот фактор на родителите како жртви, со што најчесто за да си ја олеснат, скратат и упростат работата ,предлагаат и советуваат на мирно решавање на конфликтите и не процесуирање на семејното насилство. При вакво постапување , сторителот поминува не казнет за своето дело, без чувство дека неговото однесување е противправно и казниво и се враќа, најчесто, во иста средина со жртвата со повеќе од реална шанса семејното насилство да го повтори, а актуелните случувања покажуваат дека се зголемува и интензитетот,кој доведува до фатални последици", додава адвокатката.

Според правните појаснувања на Котеска Стисниовска, пропуст има кај постапувањето на институциите е тоа најчесто е прескокнување и неизрекување на мерката за заштита од семејно насилство, односно несоодветно применување на чл. 4 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, каде што во став 3 се наложува на ниво на Закон институциите од областа на социјалната заштита, внатрешни работи, здравството, судските органи, ОЈО... во случаи на семејно насилство да постапат итно и со должно внимание за заштита на интересите и потребите на жртвата.

Додава и дека член 58 став 1 точка 9 пропишува задолжително лекување на сторителот доколку употребува, алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување.

„Во практичното применување на овој Закон и постапување на судовите при изрекување на мерките за заштита од семејно насилство жртвата треба секогаш да биде предмет на заштита, а постапките за мирење на жртвата и насилникот не треба да постојат. Насилникот не треба да биде вратен во иста средина со жртвата по завршување на постапката, а отстранување од домот како мерка за заштита треба да биде изрекувана со идеја каде и како би се дистанцирал насилникот од жртвата. Во постапките за семејно насилство арбитража е забранета со Истанбуласка Конвенција, а нашиот Закон за превенција и заштита на жената и семејно насилство е креиран согласно преземените обврски од ратификувањето. Најпосле, мерката за заштита -задолжително лекување на сторител кој употребува алкохол и дрога или други супстанци треба да биде изрекувана по алармирање на жртвата со употреба на механизми, првенствено за проверка на таквата состојба и изрекување на мерка на лечење и третмани, кои ќе бидат проверувани од страна на судот, а институциите и сторителот обврзани за доставување на известување за напредокот и успехот од изречените мерки за лечење и третмани", појаснува Котеска Стисниовска.

На 16 јануари годинава син со кујнски нож го закла таткото додека спиеше. 

Определена мерка притвор во траење од 30 дена за 40 годишниот кумановец кој е осомничен дека го лишил од живот неговиот 65 годишен татко, со што сторил кривично дело, убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија по убиството од Обвинителството.

На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438" во Куманово, осомничениот влегол во собата во која престојувале неговите родители, зел кујнски нож и без да биде забележан од мајка му, дошол до креветот на кој спиел неговиот татко и со ножот го прободел во пределот на вратот од левата страна.

Како резултат на здобиената повреда, оштетениот обилно искрвавил и починал, а осомничениот заминал во соседната соба каде останал до пристигнувањето на полициските службеници. 

Неколку дена претходно син со нож ги закла мајката и бабата во стан во Скопје. 

Ги убил, па легнал да спие. Утрото се разбудил и проверил дали се мртви, па излегол од дома и заминал кон куќата на неговиот чичко за да го убие и него. Не го нашол дома, па заминал кај матичната лекарка да и каже дека ги убил мајката и бабата.

Осомничениот за убиство на возраст од 40 години  е во притвор, а против него беше донесена и наредба за спроведување истражна постапка за две кривични дела убиство.

К. Додевска 

Легенда под Главна слика

Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе