Хуманост и поддршка

Корисниците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ изработија 100 заштитни маски за дебарската болница

Во знак на хуманоста и поддршката за здравствените работници во секојдневната борба со COVID 19 (корона вирус), корисници во Домот за стари лица „Мајка Терза“, во рамки на социјални и општокорисни работи, самоиницијативно изработиле 100 заштитни маски од 100% памук и ќе ги донираат за вработените во дебарската болница.

Како што соопштија од ЈЗУ СБГПМ „13 Ноември“-Скопје, материјалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените и ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје, во чии рамки функционира домот.

Инаку во домот за стари лица Мајка Тереза се сместени стари лица , корисници на социјална заштита. Секојдневно функционираат  голем број активности и настани , а се во рамките на културните и работно -рекреативните дејности, со цел за активен живот и стареење во третото доба, збогатувајќи го максимално социјалниот живот.

„Соочени со новонастанатата состојба во нашата држава и појавата на коронавирусот, како светска пандемија , голем број од активностите и настаните кои се предвидени за оваа година, едноставно мораше да ги одложиме и да се воздржуваме од истите, максимално почитувајќи ги препораките од Ресорното Министерство за здравство и МТСП.

Сепак, од страна на нас вработените, со наши лични средства, но и со една голема и хумана мисла, сосема спонтано се изроди идејата за изработка на заштитни маски, која корисниците кои се дел од работно-терапевтската секција во Домот веднаш и без размислување ја прифатија и парцијално, како и без ризични групирања изработија 100 заштитни маски од 100% памук LUX RANFORCE“, се вели во соопштението.

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе